Учениците, дефинитивно ќе се вратат во училишните клупи. Комисијата за заразни болести, заедно со МОН и СОНК, денеска ќе ги допрецизира препораките и мислењата, за да може протоколите да бидат усвоени на седница на Владата во понеделник, на 10 август. Протоколите по донесувањето веднаш ќе бидат пратени до училиштатата за да имаат доволно време да се спремат за училишната година.
Со протоколите се предлага по едно дете на клупа и задолжетно носење на маска, вршење редовна дезинфекција на рацете и со часови кои ќе траат по 20 минути. Вака ќе се одвива наставата од септември. Ако една паралелка има поголем број ученици, тогаш ќе биде поделена во две групи, а наставата ќе ја држи истата наставничка. Ова е еден од начините на кој ќе се реализира учебната година од септември. Другиот модел е комбиниран. Ова овозможува – во случај училиштата да немаат доволно простор, одделенијата да се поделат во две групи. Во тој случај наставата ќе биде комбинирана, во училиште и од дома.
Ако во некое одделение има деца со хронични болести, тогаш тие наставата ќе ја следат онлајн. Се разгледува можноста како да се реализира тоа. Најкритични, според СОНК, се најмалите ученици за кои всушност е и најважно Моделите нема да важат за целата држава. Ќе се дефинираат според општини и според стапката на заразеност од Ковид-19. Ова значи дека ако во една општина има мал број позитивни случаи на коронавирус и училишта со мал број ученици, тогаш наставата ќе се одржува во училиштата. Онаму каде што ќе нема услови учениците да учат на дистанца, или пак населбата и градот каде што е училиштето е ковид жариште ќе учат како и досега – онлајн. Од работа и настава ќе бидат ослободени наставниците и учениците со хронични болести. Инаку училиштата во Македонија беа затворени на 11 март, а учениците годината ја завршија онлајн.