• Sat. May 18th, 2024

Ѓоко Хаџиевски си замина од Беласица

ByВане Трајков

Apr 15, 2019

Стратегот на струмичките сино бели Ѓоко Хаџиевски си поднесе оставка од функцијата шеф на стручниот штаб на Беласица. Реши да се повлече од функцијата во заеднички договор со управата на струмичани откако на последните две домашни средби против Силекс и Победа синобелите освоија само бод. На тој начин тие останаа во опасната зона и си ја компликуваа битката за опстанок

„Мислам дека после овие два натпревари во кои не успеавме да победиме, не можам повеќе да придонесам за целите на Беласица во оваа сезона. Затоа во договор со сопственикот решив да се повлечам од тренерската позиција и комплетно од клубот. Беласица се уште има реални шанси за да обезбеди опстанок, можеби оваа промена ќе придонесе тимот малку да се размрда во позитивна насока“, изјави Ѓоко Хаџиевски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *