• Wed. May 15th, 2024

Штипски лекар ги моли граѓаните да ги ослободат маркетите и банките во периодот кога се слободни пензионерите

Доктор Сашко Николов од Штип преку својот фејсбук профил апелира до сите граѓани:

Почитувани сограѓани, еден апел и една голема молба до сите нас, кои сеуште не сме достигнале 67 години.

Апелирам и замолувам, утре, петок, во периодот од 10.00 до 12.00 часот, да ги ослободиме сите маркети, сите банкарски филијали, сите пунктови за плаќање на сметки, за да можат нашите сограѓани, пензионерите(кои имаат над 67 години), во тој период, да си ги завршат своите обврски, да си ги испазарат намирниците, за да можеме сите Ние заедно и полесно да го поминеме полицискиот час, кој ќе започне од петок и ќе трае до понеделник наутро.

Знам дека е тешко, знам дека е фрустрирачки, но сите заедно ќе успееме да го пребродиме овој тежок период.

“После дожд, доаѓа сонце”

“Ќе го видиме светлото, на крајот на тунелот”

Ние можеме да издржиме, Ние сме упорни, Ние сме сплотени како едно, Ние ќе го победиме овој невидлив непријател.

Ние сме силен и сложен македонски народ!!!

Ваш
Д-р Сашко Николов

https://www.facebook.com/sasko.nikolov.50/posts/10221747708064829

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *