• Sat. May 18th, 2024

Шаховски турнир по повод патрониот празник на ООУ „Борис Трајковски“ Моноспитово

ByЃ. K.

Dec 15, 2023

Вчера, 14,012,2023 во Моноспитово се одржа турнир во шах, организиран од ООУ „Борис Трајковски“ по повод нивниот патронен празник.


Турнирот беше поддржан од страна на Шаховски Клуб „Цареви Кули“, односно и голем дел од учесниците се веќе членови на клубот. Интересен и атрактивен момент беше финалниот меч, односно борбата за првото место, кога на табла седнаа Надица и Мартин Велкови, брат и сестра, од Моноспитово. Значи победата остана кај домаќините оваа година. А вкупно учествуваа околу 40 учесници, од 3 општини со вкупно 92 партии и голема конкуренција.

Надица Велкова го освои првото место.

By Ѓ. K.