• Wed. May 15th, 2024

Четири милиони денари од УНДП за дигитализација на општините

Фондот за иновации и технолошки развој и УНДП (Програма за развој на Обединетите Нации) ќе работат на дигитализација на услугите што ги нудат општините за граѓаните. Проектот ќе се реализира со финансиски средства на УНПД во износ од околу 4 милиони денари, со користење на процедурите и капацитетите на ФИТР.

Со проектот ќе се изработат дигитални алатки за: Воспоставување на електронски систем за наплата на давачките кон општината (даноци и парафискални давачки), Воспоставување на систем за електронско плаќање на сметки кон јавните претпријатија, Електронски систем на волонтери и Онлајн платформа за општински форум.

Овие дигитални алатки ќе се имплементираат во 5 пилот општини: Центар Жупа, Боговиње, Свети Николе, Прилеп и Куманово. Дигиталните решенија е предвидено да бидат оперативни и на располагање на граѓаните од овие општини до крајот на 2020 година.

Деталите на проектот се опфатени со проектен документ, што денес го потпишаа директорот на ФИТР, Јован Деспотовски и постојаната претставничка на УНДП во Северна Македонија, Нарине Сахакиан.

„Со овој проект граѓаните од 5 општини ќе добијат и побрзи и поквалитетни услуги. Очекувам дигитализацијата да се прошири и во сите останати општини, за што денес зборувавме и за подолгорочна соработка со УНДП и други меѓународни партнери. Овој процес треба да донесе и поголема транспареност во работењето, а со тоа и намалување на ризиците од нерегуларности и корупција при давањето на јавни услуги. Соработката со УНДП говори и за довербата на меѓународните институции во интегритетот, процедурите и капацитетите на ФИТР“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *