• Thu. May 16th, 2024

Честитка од градоначалникот Костадинов по повод празникот Успение на Пресвета Богородица

ByЃ. K.

Aug 28, 2023

Првиот човек на Општина Струмица упати честитка до припадниците на православната вероисповед по повод празникот Успение на Пресвета Богородица.

„Почитувани благочестиви христијани,

Денес го одбележуваме 28 Август, денот на заминувањето од земниот свет на Богомајката-Богородица.

Денешниот празник Успение на Пресвета Богородица, или Голема Богородица, е еден од најзначајните празници во христијанскиот свет, и како таков треба да го празнуваме со љубов, верба и надеж во нашето спасение.

Да ја чествуваме Мајката Божја со должна почит, и да го празнуваме нејзиното Успение од длабочините на нашите срца и души, таму кајшто се корените на нашата христијанска вера.

Нека Ви е честита и за многу години Голема Богородица.“

By Ѓ. K.