• Wed. May 15th, 2024

ЦУК: Пожарот кај Богданци веќе не е активен

ByЃ. K.

Aug 4, 2023

ЦУК (Центарот за управување со кризи) информираше дека пожарот западно од Богданци кај местото викано Брдаров камен во моментов е ставен под контрола.

Според информациите од терен во овој регион со пожар беше зафатена нискостеблеста шума, прнар и сува трева.

Сепак дел од пожарникарите остануваат будни и ја следат ситуацијата бидејќи на одредени места повторно се распламнува.

Од ЦУК информираат и дека во моментов во гасење на пожарот нема потреба од користење на воздухоплови.

By Ѓ. K.