• Sun. May 19th, 2024

ЦУК: Мечка нападнала маж кај Македонски Брод, го спасиле ловџии кои случајно биле во близина

ByЃ. K.

Oct 24, 2023

Едно лице вчера било нападнато од мечка, на потегот меѓу селата Пласница и Ораоец, општина Македонски Брод, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

-Нападнатиот бил спасен од ловци кои случајно биле во близина на местото на нападот и откако слушнале повици за помош испукале неколку истрели во воздух по што мечката побегнала. Нападнатото лице кое било преплашено се здобило со телесни повреди – информираат од ЦУК.

By Ѓ. K.