• Sat. May 11th, 2024

Црвен крст Струмица собра 45 кг. храна и 120 кг. облека и успешно ја спроведе Неделата на солидарност

ByЃ. K.

Apr 22, 2024

Општинската организација на Црвен крст Струмица, од 15 до 21 април 2024 година успешно ја спроведе Неделата на солидарност под мотото “Вашиот прилог- Значајна помош“.

Беа поделени флаери на нашите граѓани за цел да се подигне свеста на населението за потребната меѓусебна поддршка.

Беа собрани 45 кг. храна и 120 кг. облека кои ќе бидат дистрибуирани до семејства во социјален ризик.

Од Црвен крст им се заблагодарија на сите хумани луѓе кои се вклучија во акцијата.

By Ѓ. K.