• Wed. May 15th, 2024

Црвен крст – Струмица промовира Центар за Дневен престој за стари лица во с. Турново

ByЃ. K.

Aug 17, 2023

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Струмица во партнерство со Општина Босилово промовира нова услуга Центар за Дневен престој за стари лица со активно стареење во с. Турново.

Целта на центарот е поттикнување на постарата популација во вклучување во социјалните активности кои ќе се реализираат во истиот и тоа:

Стекнување нови вештини во кулинарството;

Хортикултурно уредување на дворно место;

Работилници за изработка на рачни ракотворби;

Психосоцијална поддршка;

Соработка со основните училишта на општината и волонтери на Црвениот крст од клубот на млади за формирање на заеднички секции од областа на литературата, музичкото воспитание и ликовното воспитание;

Организирани екскурзии од едукативен карактер на значајни знаменитости во републиката.

Проектот е поддржан и финансиран од страна на Министерство за труд и социјална политика.

Информации: 070/382-229

By Ѓ. K.