• Tue. May 14th, 2024

ЦИВИЛ: Гласачка во Струмица со маска со натпис на политичка партија

Набљудувачите на ЦИВИЛ пријавиле дека на избирачко место во Струмица гласачка влегла со маска на која имало натпис на политичка партија.

На ИМ 1721 во Струмица граѓанка влегла со маска со натпис на политичка партија. По реакција на ИО жената ја заменила маската и тогаш ѝ било дозволено да гласа, стои во извештајот што набљудувачката мисија на ЦИВИЛ го испрати до медиумите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *