• Thu. May 16th, 2024

Цената на јајцата годинава е пониска во споредба со ланската цена

Цената на јајцата годинава е пониска во споредба со ланската цена. Ако минатата година една табла јајца чинеше околу 230 денари, а многу порано цената достигна дури и до 350 денари, во моментов истата се движи од 140 до 180 денари во зависност од квалитетот и големината на јајцата.

И покрај ниската и прифатлива цена, потрошувачката на јајца е многу помала, велат продавачите. Дел од нив очекуваат поголема продажба поради пониската цена, но други пак поради слабата финансиска моќ на граѓаните, очекуваат и послаб профит од минатите години.