• Thu. May 16th, 2024

Цената на струјата нема да рефлектира покачување на производите

Зголемувањето на цената на струјата нема да влијае врз покачувањето на останатите производи затоа што 90 проценти од индустриските и комерцијалните потрошувачи купуваат електрична енергија на слободен пазар. Значи нашата одлука воопшто не се рефлектира на овие потрошувачи и не може да стане збор за некаква инфлаторна спирала, ниту пак за зголемување на цените на нивните производи, вели претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски.Дополнително, како што посочува, на слободниот пазар цената на електричната енергија има тренд на намалување од околу 8 до 9 проценти во споредба со претходната година што значи дека на ниту еден начин нема да им се зголемат трошоците на големите потрошувачи, а со самото тоа да се зголемат и цените на нивните производи.

Според него, со овие цени кои се одобрени, енергетските компании ќе работат на нула, односно само за да ја преживеат годината. Поточно, екстра приходите што ги добивала ЕЛЕМ од продажбата на вишоци, годинава ги нема односно компанијата има помали приходи од 17 милиони евра. Од друга страна и МЕПСО има помали приходи од транзитирање на електричната енергија низ нашата држава од околу 11 милион евра.Појаснува дека во трошоците на енергетските компании се земаат предвид и платите на вработените, но нагласува дека во оваа најнова одлука не е земено предвид ниту едно ново вработување во МЕПСО и ЕВН.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *