• Mon. May 20th, 2024

Царинска управа и три министерства најкорумпирани институции според „транспарентност Македонија“

Од невладината Транспарентност Македонија истакнуваат дека доколку институциите ги процесуираат пријавите на корупција од граѓаните, тие и натаму ќе се охрабруваат и ќе  пријавуваат случаи на корупција. Истражувањата покажуваат дека едни од најкорумпираните институции се Царината, здравството и Министерството за труд и социјална политика.

„Да видиме што понатаму, што како јас, како вие, кога ќе пријавите некаков вид на корупција во институцијата, што понатаму, што се случува. Како сме ние заштитени, како понатаму тоа се процесуира, за да се намали и да имаме поуспешна борба против корупцијата“, вели Ана Јаневска – Делева.

Корупцијата го намалува квалитетот на животот на секого, истакна Анабел Регал од Канцеларијата на Европската унија, а од ова зло, вели не се поштедени ниту европските земји.

„Корупцијата продолжува да биде предизвик дури и во ЕУ. Истражувањата покажуваат дека тоа ја чини европската економија околу 120 милијарди евра годишно. Така што не случајно дека ефективната борба против корупцијата заедно со почитувањето на владеењето на правото и демократските принципи се главни приоритети за идните членки на Европската унија.“, рече Регал.

Софка Дојчиновска Пејовска од Антикорупциската комисија рече дека граѓаните се сериозно загрижени за начинот на вработувањата во администрацијата.

„Тоа цунами од околу илјада пријави од граѓани дали е тоа сомнеж за корупција, сомнеж за судир на интереси е невиден моментум со кој што ние сега се справуваме, бидејќи и физички вие не можете да ги поминете сите.“, рече Дојчиновска-Пејовска.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска рече дека најголеми можности за корупција има во барањата инвалидски пензии и посвојувањата. Директорот на Царината Ѓоко Танасоски рече дека најчесто се пријавува дека се прави одложување на царинските постапки за да се добие некаков вид надомест во пари или услуга. Заменик министерот за здравство Арменд Арслани рече дека во Министерството немаат пријави за корупција, но имаат поплаки за постапување односно работење на лекарите. Токму Асим Муса кој беше негов претходник беше фатен со мито, но засега се уште не е познато дали е покрената постапка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *