• Sun. May 12th, 2024

Хуманитарн концерт во организација на волонтерка во Црвен Крст- Севги Алиманова

Големата сала во домот на армијата во Струмица синоќа беше претесна да ги собере сите граѓани кои сакаат да бидат дел од хуманитарниот настан во организација на волонтерката во Црвениот крст Севги Алиманова.Таа успеа на сцена да собере млади од турска и македонска етничка припадност и со игра и песна да го задржи вниманието на присутните.Настанот е дел од ПХВ проектот кои го изработуаат токму младите активисти.

Преку овие ПХВ проекти се постигнуваат две цели : усвојување активни знаења и промовирање активен пристап кон животот.
Во период од три месеци младинците треба предходно направат анализа на потребите во заедницата во која што живеат, лоцираат проблем, и истиот да го анализираат со цел да увидат како можат најлесно да го отрстранат или ублажат и на крај изработуваат проектот со цел решавање на лоцираниот проблем и истиот соодветно да го документираат. Овојпат собраните пари од синоќешниот концерт ќе заминат кај ранлива категорија на граѓани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *