• Thu. May 16th, 2024

Фото – Хрватски Осиек, Академија Пандев и Еуроспорт, најдобри на Пандев КУП 2018 на кој се постигнаа дури 544 голови

Заврши турнирот, „Пандев куп 2018“ кој изминативе денови се одржуваше на игралиштата во Струмица, Турново и Василево. Екипите на Осиек од Хрватска, Академија Пандев од Струмица и Еуроспорт Пандев од Куманово се најдобрите екипи во четирите генерации дечиња за кој беше наменет турнирот.  На истиот беа одиграни вкупно 156 натпревари во генерациите 2006, 2007, 2008 и 2009 година, а се постигнаа вкупно 544 голови.

Во генерацијата 2006 првото место отиде кај  Еуроспорт Пандев – Куманово, вторто кај Неготивно додека третото кај  Њу Старс Смилковци од Скопје. Во ова конкуренција најдобар играч  е прогласен Дарио Јакимовски – Еуроспорт а најдобар голман Зафир Зафировски – Њу Старс Смилковци

Во генерацијата 2007, првото место отиде кај  Осиек – Хрватска, втори беа дечињата Њу Старс Смилковци  од Скопје а трети  Шкендија – Тетово. Најдобар играч  е прогласен Барич Иван од Осијек а анјдобар голман Пашовски Антионио од Шкендија

Во генерацијата 2008 година, домакините Академија Пандев го освои првото место, гостите од Софија Национал од Бугарија беа втори , додека третото место отиде кај Талент од Битола. Во ова конкуренција најдобар играч е Кристијан Горјанов а голман Александар Трајков

Во генерацијата 2009 гостите од Осиек Хрватска беа први , Прилеп Пандев втори додека Академија Постолов Пандев од Штип трети. Најдобар играч  во ова категорија е прогласен Лука Горгиовски аголман  Андро Палац

За турнирот повеќе во ВИС СПОРТ вечерва во 20.30….

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *