• Sat. May 18th, 2024

Фото – Фудбалерите на Беласица три пати ја тресеа мрежата на Тиквеш

ByВане Трајков

Sep 12, 2017

Фудбалерите на ,,Беласица,, се единствената екипа од источното второлигашко друштво која има полн погодок на стартот од ова натпреварување. Во заостанатиот меч од првото коло кој денеска се одигра на стадионот ,,Младост,, синобелите славеа со 3:1. Бодрени од членовите на навивачката група ,,Ајдуци,, екипата на  Беласица преку Радојчиќ уште во 14 минута ја најави победата. Дека ќе има славје потврди Миле Костовски во 20 тата минута кога зголеми на 2:0 . ,,Тиквеш,, се разбуди во второто полувреме преку Митев кој намали на 2:1 но Јованчо Трајковски  во 82 минута ги постави конечните 3:1. ,,Беласица,, има две победи во првите две кола  а веќе во сабота повторно на ,,Младост,, ја пречкува Саса од Македонска Каменица

фото М.Иванов

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *