• Sun. May 19th, 2024

Фото: Снимателот на ВИС – најсекси женска на струмичкиот маскенбал

Снимателот на ТВ Канал Вис, Кире Пиличев, беше најпосакувана „жена“ на струмичкиот маскенбал. Ја понесе специјалната награда од организациониот одбор. Речиси сите сакаа да се фотографираат со него, а тој на својот ФБ профил објави фотографија со наслов „Три грации“, посочувајќи дека се чувствува пријатно во друштвото на привлечни жени. Девојките грации во раце држеа микрофони, а Кире кусо рече дека дури и да е жена, неговата работа повторно ќе биде камерата.

„Не сум јас за микрофони, дури и само да ги држам, мојата професија е снимателството“, изјави Пиличев.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *