• Mon. May 13th, 2024

Фото – Петтооделенци од Никола Вапцаров од Струмица со наставничката Гунова ги изненадија ФФМ и репрезентативците пред мечот со Гибралтар

ByВане Трајков

Nov 20, 2018

Ученици од струмичкото основно училиште Никола Вапцаров заедно со одделенската наставничка Билјана Гунова вчера присуствуваа на дуелот меѓу Македонија и Гибралтар од Лигата на Нациите во Скопје.

Децата пред да отпочне дуелот ги посетија македонските репрезентативци и им подарија чоколадца за секој фудбалер од националната селекција со нивно име а за мечот против Грибралтар напишале песничка врамена со слики од  сите фудбалери од А селекцијата заедно  со селекторот

Нив ги угостија репрезентативците заедно со селекторот Игор Ангеловски и директорот на репрезетнацијата Дени Масев… Еве ги стиховите од песната….

Струмичане стигаме
И одма галама дигаме…
Идаме од Струмица цел V-1 клас
И ќе навиваме на цел глас.
Вај денеска на Гибралтар,
Да ги направате дар-мар…
Нојсто да ви играат
Ного голове да даат…
Се напред така да ооте
а не е лошо и Европското првенство да го освооте

v1 КЛАС
ООУ Никола Вапцаров – Струмица

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *