• Thu. May 16th, 2024

Фото и видео – Струмичанецот Тодоров дебитираше во автомото спортот и втор на трките во Кичево

ByВане Трајков

Jul 27, 2018

26 годишниот Мики Тодоров од село Дабиле – Струмица, овој месец и официјално се ,,пушти,, во автомото спортот и на својата прва трка во Кичево го освои второто место. Тој на 30 јуни потпиша професионален договор со клубот ,, Никола Карев,, од Скопје и со својот ,,Опел,, во категоријата на мотори со зафатнина над 200 кубика ги изненади далеку поискусните возачи.

,, Имав трема но сакав да докажам дека можам да се носам со овој спорт. Бев сконцентриран максимално а имам и добро возило кое со татко ми работевме на посилни перформанси,, изјави за ВИС СПОРТ Тодоров кој ќе биде дел од трката на 5 август во Крушево и останатите од државниот шампионат.

Тој информираше дека ќе биде дел и од автослалом трките што ќе се одржат во Струмица на 9 септември…..Повеќе од гостувањето на Тодоров во вестите на Канал ВИС и подолу во видеото….

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *