• Sun. May 12th, 2024

Фонтаните на булеварот Маршал Тито во Струмица ќе станат зелени површини

ByВане Трајков

Nov 24, 2021

Заради зголемување на безбедноста во сообраќајот на булеварот ,,Маршал Тито” во Струмица а по барање на граѓаните, правоаголните фонтани вдолж булеварот Маршал Тито ќе станат зелени површини. Вака  подвлече градоначалникот Костадин Костадинов  откако деновиве екипи на ЈП Комуналец ги полнат фонаните со песок и земја. Според Костадинов причина за ваква одлука била и дотраената инсталација на фонтаните и честите дефекти бараат големи средства за одржување.

Костадинов најави дека кружната фонтана кај поштата ќе се реконструира а ќе се градат нови водени површини по препорака на стручните луѓе

Фонтаните беа изградени пред 14 години кои на централното градско подрачје требаше да му дадат нов лик. Но со тек на годините стануваа се понефункционални од првичната идеја па младите струмичани честопати преку летниот период ги користеа за освежување

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *