• Sun. May 12th, 2024

Филипче порача да не се трупаат резерви храна и да не се прави паника

Не трупајте резерви храна, купувајте според потребите. Ова е една од пораките на министерот за здравство Венко Филипче вечерва, откако претседателот Стево Пендаровски прогласи вонредна состојба во државата во траење од 30 дена. на својот официјален фејзбук профил Филипче објасни што значи вонредна состојба и како да се однесуваат граѓаните. Еве го неговото појаснување:

„Ја поздравувам одлуката на Претседателот Стево Пендаровски да прогласи вонредна состојба. Сега Владата ќе може брзо и ефикасно да управува со ресурсите на државата и навремено да реагира на предизвиците кои ни претстојат и на здравствен и на економски план.

 Што значи вонредна состојба?

Вонредна состојба значи дека Владата добива и Законодавна и Извршна власт. Со тоа, се олеснува работата на Владата во време на кризи и истата може да носи одлуки за добро на граѓаните многу побрзо и поефикасно.

 Како Владата го прави тоа?

Преку носење на Уредби со сила на закон, кои важат само додека трае вонредната состојба.

 Дали ќе има полициски час или ограничување на движењето?

Во овој момент нема таква одлука, следете ги сите понатамошни одлуки на Владата и ќе бидете информирани за евентуални ограничувања на движење.

 Дали треба да направам резерви на храна?

Не, во државата има доволно резерви и на храна. Останете во своите домови, не излегувајте доколку немате потреба и купувајте онолку колку што ви треба.

Придржувајте се до мерките и препораките, само тако побрзо и полесно ќе ја надминеме оваа состојба“, рече Филипче.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *