• Tue. May 14th, 2024

Филипче: Нагло расте бројот на новодијагностицирани и хоспитализирани со Ковид-19

ByВане Трајков

Aug 14, 2021

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека бројот на новодијагностицирани и хоспитализирани со Ковид-19 нагло расте и дека во следните недели ситуацијата може да биде критична. Сепак, тој уверува дека здравствениот систем е подготвен за новиот бран. Потенцира дека вакцинацијата е безбедна, ефикасна и ефективна, а како факт посочува дека само десет проценти од вкупно 3497 новодијагностицирани во последата седмица се вакцинирани со една или со двете дози вакцина против Ковид.

-Бројот на новодијагностицирани, но и бројот на пациенти, генерално во државата во последните денови нагло расте. Ако ја гледаме динамиката со која што бројот се зголемува можеме да кажеме дека следуваат неколку недели во кои ситуацијата може да биде навистина критична, рече Филипче, кој денеска беше во посета на Општата болница во Охрид каде разговарал со директорите на болницата и Центарот за јавно здравје за состојбата со болни од Ковид-19, подготовка на капацитетите и евентуалниот прием на болни од други градови. Зголемување на бројот на новодијагнностицирани и на хоспитализирани пациенти има посебно во неколку градови како што се Тетово, Гостивар, Кичево, Куманово…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *