• Sun. May 19th, 2024

Филипче: Колку постабилна епидемиолошката слика во ноември, толку повеќе деца во училиште

Стабилна епидемиолошка состојба во ноември ќе значи физичко присуство во училиште за уште некоја група на деца, порача министерот за здравство, Венко Филипче. Еден е ризикот, потенцира тој, да бидат стотина деца од прво до трето одделение со физичко присуство во училиштата, но, како што нагласи, повеќе од двојно ќе биде ризикот уште толку деца да ставиме од четврто, од петто и од шесто одделение на почетокот на октомври, бидејќи тие се во контакт со истите наставници.

– На пример, ако некоја наставничка е позитивна и дојде во контакт со голем број деца, тие се сите во ризик. Затоа одиме дел по дел, потенцира Филипче.

Тој истакна дека секоја од мерките се носени и препорачани за да се почитуваат. Граѓаните, вели, мора да бидат свесни дека така го штитат и сопственото здравје и здравјето на своите најблиски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *