• Sun. May 19th, 2024

Филипче: Да се вакцинираат родителите на децата кои ќе тргнат во училиште или градинка

Филипче: Да се вакцинираат родителите на децата кои ќе тргнат во училиште или градинка

Министерот за здравство Венко Филипче денеска рече дека новите бројки на новодијагностицирани се охрабрувачки, истите опаѓаат. Но, како што вели премногу е рано да се каже дека тоа е некаков тренд и затоа будно се следи ситуацијата и се анализираат сите параметри.

Тој ги повика на масовна вакцинација, младите, посебно родителите чии деца ќе почнат да одат во училиште или во градинка.

– Важно е нивните родители да се вакцинираат со цел да се обезбедат семејствата. Ова е единствениот начин да се смени сликата за пандемијата. Сите пандемии и епидемии гледано историски наназад завршиле исклучиво со вакцинација, не со прележување на болеста и сега кога го имаме овој механизам на располагање и веќе кога е докажано ефикасен, односно ефективен, а тоа сега се манифестира со релативно помалиот број на пациенти во градовите кадешто е поголем опфатот со вакцинација, тоа е единствениот механизам целосно да се смени сликата со пандемијата како кај нас, во регионот и во целиот свет – изјави Филипче.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *