• Sat. May 18th, 2024

Уште 10 дена пријавување за поетскиот конкурс „Антево слово“ 2024

ByЃ. K.

Feb 19, 2024

Меѓународната поетска манифестација „Анџело Ла Векија“ („Il Parnaso – Concorso di Poesia – Premio Angelo La Vecchia“), во соработка со Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст – Струмица“, годинава по седми пат го распиша конкурсот за најдобра необјавена поетска творба „Антево слово“, специјална награда на фестивалот, востановена во чест на великанот на македонската поезија Анте Поповски, а кој трае до 1 март.

На конкурсот можат да учествуваат поети од Македонија кои ќе испратат една своја необјавена песна на e-mail адресата: antevoslovo@gmail.com на македонски и ви превод на италијански или англиски јазик.

Воедно со учеството на овој конкурс истите автоматски учествуваат и за носечката награда на манифестацијата „Парнас – награда на Анџело Ла Векија“.

By Ѓ. K.