• Sat. May 18th, 2024

Ученици од ООУ „Сандо Масев“ на работилница по повод Светскиот ден на водата, Светскиот ден на шумите и Светскиот ден на дивиот свет

ByЃ. K.

Mar 26, 2024

Europe House Струмица заедно со група ученици од ООУ „Сандо Масев“ Струмица, одржаа дневна работилница по повод одбележувањето на Светскиот ден на водата, Светскиот ден на шумите и Светскиот ден на дивиот свет.

Оваа работилница имаше за цел да ги запознае младите за важноста на природата, како да ги чуваме и правино користиме водата, шумите и дивиот свет.

Научија техники како полесно да се снаоѓаат во природа, како да филтрираат вода, безбедно палење оган во природа, како и други методи и совети со кои ќе се заштитиме без да наштетиме на околината.

Организаторите упатија голема благодарност за соработката на Сојуз на извидници на Македонија – Scout Association of Macedonia и Извиднички Одред Еквинокс – Штип – Scout Group Equinox Shtip.

By Ѓ. K.