• Mon. May 13th, 2024

Ученици од ООУ „Видое Подгорец“ му подарија кутија со желби на градоначалникот Костадинов

ByЃ. K.

Oct 30, 2023

Денеска кабинетот на градоначалникот Костадинов беше полн со дечиња. Во посета беа учениците од четврто одделение од ООУ „Видое Подгорец“ со нивната наставничка Соња Цицимова.

Разговорот што го водеа беше околу темите коишто ги изучуваат по предметот историја и општество, а поврзани со работата на Градоначалникот, Советот и Општината. Костадинов беше пријатно изненаден од нивното знаење и интересот што го покажаа за неговата работа.

„Посебно бев изненаден од нивниот подарок – кутија со желби кои што сакаат да им ги исполнам за да имаат поубаво детство во нашата убава Струмица. Им ветив дека ќе ги прочитам сите и во рамките на можностите ќе им ги исполнам желбите. Дечиња ви благодарам за поканата, ќе ви ја возвратам посетата“, порача градоначалникот Костадинов.

By Ѓ. K.