• Mon. May 20th, 2024

Учениците на музичкото училиште „Боро Џони“ со полни раце награди од регионалниот натпревар во Штип



Најуспешните ученици од општинскиот натпревар, денеска се натпреваруваа на регионалниот натпревар за учениците од основните музички училишта.

Младите музичари и нивните ментори од „Боро Џони“ Струмица, се враќаат со десетици први и втори награди.

На натпреварот по пијано, учениците од класата на професорот Александар Бончев освоија први награди и тоа: Сара Витанова, Стојанче Јованов и Васил Јанков.

Во класата на професорката Милка Ганчева, први награди освоија и младите пијанисти: Јован Филев, Димитар Филев и Андреј Филев, додека Тина Иванова освои втора награда.

Во класата на професорката Ленче Мазнејкова први награди освоија младите пијанисти Ана Мазнејкова, Дени Николов и Мартина Пачоова.

Во класата на професорот Зоран Мазнејков први награди освоија младите пијанистки Магдалена Мицева, Јулијана Јанев и Васја Стојанов.

Во класата на професорката Клара Ристова, младата пијанистка Захарија Јованова освои прва награда.

На натпреварот по солфеж, учениците на професорката Ана Тимова освоија први награди: Јован Филев, Андреј Филев и Ивана Мазнејкова.

На натпреварот по солфеж први награди освоија и учениците на професорката Марина Грозданова: Сара Витанова, Васил Јанков и Ана Мазнејкова.

Прва награда по солфеж освои и Славица Томова со професорот Душко Филев.

На натпреварот по гитара, младите гитаристи од класата на професорот Васко Пиличев освоија први награди: Христијан Мираковски и Велјан Дојчинов.

На натпреварот по хармоника, прва награда освои Стојан Коцев со менторот, проф. Петар Стојанов.

На натпреварот по кларинет, двајца ученици на професорот Томе Лазаров освоија први награди: Енес Агушев и Исрафилекбер Ирфаноски.

Следува државниот натпревар за учениците ос основните музички училишта 2019, што ќе се одржи на 12 и 13 април.



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *