• Sun. May 19th, 2024

Учебната година повторно ќе почне на 1 септември, а ќе заврши на 17 јуни

ByЃ. K.

Jul 27, 2023

Учебната година повторно ќе почне на 1 септември, а ќе заврши на 17 јуни. Од новата учебна 2023/2024 учениците од основните и средните училишта ќе имаат и пролетен распуст, соопшти Министерството за образование и наука (МОН). На последната седница на Владата, на предлог на МОН, донесена е одлука учебната година да почне на 1 септември, а првото полугодие да заврши на 29 декември 2023.

Од 30 декември учениците ќе користат зимски одмор, а второто полугодие почнува на 22 јануари.

„Во периодот од 29 април до 5 мај 2024 година, учениците ќе бидат на пролетен распуст. Учебната година ќе трае до 17 јуни, а летниот одмор почнува на 18 јуни и завршува на 31 август 2024 година“, вели МОН.

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири на 19 јуни најави дека три предлози се дискутираат со синдикатите за почетокот на учебната година 2023/2024.

Тој тогаш соопшти дека се разгледува една можност која предвидува да се почне на први септември, во петок. Втората била средината на септември, а третата е почеток на први септември, но вклучување на пролетен распуст. Од МОН засега не ја образложиле одбраната варијанта за новата учебна година и кои се предностите од ваквото распоредување на распустот на три дела.

Прилог на Сузана Мицева

By Ѓ. K.