• Fri. May 17th, 2024

УХМР најави нестабилно време со пороен дожд, грмежи и силен ветер

ByЃ. K.

Apr 15, 2024

Од среда до почетокот на следната седмица подрачјето на нашава земја ќе биде под влијание на серија на влажни бранови кои што ќе предизвикаат времето да е променливо облачно со повремени врнежи од дожд.

Во среда и четврток ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и силен ветер (над 70 км/час), локално во форма на невреме. Од петок, а особено за време на викендот поради спуштање на студена воздушна маса врнежите од дожд на планините и повисоките места ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка.

Во текот на овој период врнежите повремено ќе имаат обилен карактер, наместа над 40 л/м2 за краток период.

By Ѓ. K.