• Sat. May 18th, 2024

Утре премиера на комедијата „Стилист“ во струмичкиот театар

ByЃ. K.

Dec 15, 2023

На 16.12.2023 (сабота) со почеток од 20:00 часот, во НУЦК „Антон Панов“ премиерно ќе биде прикажана претставата „Стилист“, работена по дејствието на познатата комедија „Кројач за дами“ на Жорж Фејдо.

Водвиљот е една од најпопуларните театарски форми кај публиката. А еден од големите мајстори на таа форма е токму Жорж Фејдо, чии дела не се симнуваат од театарските сцени. Ликовите на Фејдо стануваат познати и препознатливи лица од нашата современост. Обидот за брачна изневера произведува низа неверојатни, комични, урнебесни ситуации кои наликуваат на каламбур.

Режисерот и авторот на адаптацијата, Синиша Евтимов, последната деценија се занимава опсесивно и извонредно успешно со феноменот наречен – комедија. Претставата „Стилист“ е негово повторно „враќање“ во струмичкиот театар и работа со ансамблот кој добро го познава, но исто така и „враќање“ кон струмичката публика која досега ги препознавала и уживала во неговите претстави.

By Ѓ. K.