• Tue. May 14th, 2024

Утре во Europe House Струмица „Ослободени во боја“ – самостојна изложба на Соња Настовска

ByЃ. K.

Sep 14, 2023

Во Europe House Струмица, утре 15 септември 2023 година, во 19:00 часот, ќе биде отворена самостојната изложба на Соња Настовска, „Oслободени во боја”.

Инаку Настовска дипломира на Филозофски Факултет на катедрата по Историја на Уметност и Археологија, и на Факултетот за Ликовни Уметности на Универзитет „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.

„Дојдете на отворањето на изложбата со вашите пријатели и блиски, заедно да одиме на едно патување низ нејзините мисли и чувства пренесени на платно“, се вели во објавата од организаторот.

Уметничките дела ќе бидат изложени до 3 октомври.

By Ѓ. K.