• Thu. May 16th, 2024

Утре во Струмица посебен сообраќаен режим поради протестот против рудникот

ByЃ. K.

Jul 14, 2023

СВР Струмица информира дека утре ќе има посебен режим на сообраќајот на подрачјето на градот Струмица поради одржувањето на протестот против рудникот кај Иловица и Штука.

Од 10.00 до 14.00 часот затворени за сообраќај ќе бидат булеварот „Маршал Тито“, дел од булеварот „Ленинова“, помеѓу крстосниците од улицата „24-ти Октомври“ до улицата „Маршал Тито“ и дел од улицата „Моша Пијаде“ во правец од подземната гаража кон семафорите.

Сообраќајот во наведениот период ќе се пренасочува по споредните улици.

By Ѓ. K.