• Wed. May 15th, 2024

Утре во Босилово во недела во Струмица, Гевгелија и Конче ,,Генералка викенд”

Пивара Скопје, во партнерство со Пакомак и компанијата Мен енд Маунтен, ја најавија реализацијата на најголемата еко-акција досега – „Генералка викенд 2022“, што ќе се спроведува во 26 општини ширум земјата, вклучувајќи го и главниот град.

Во пролетниот дел од акцијата, која во повеќето општини ќе се одвива од 6-ти до 8-ми мај 2022, ќе биде собран целокупниот сув отпад од локациите што се одредени од страна на секоја општина посебно. Предвидено е вработените и членовите на менаџерскиот тим на Пивара Скопје, заедно со администрацијата на Град Скопје и со останатите партнери и заинтересирани граѓани, во петок, 6. мај, да го собираат отпадот од врвот, пешачките патеки и падини на планината Водно, со што и официјално ќе биде означен почетокот на „Генералка викенд 2022“.   

Како продолжение на акциите за пролетно чистење, во рамки на „Генералка викенд 2022“ предвиденa е и акција за пошумување што ќе се спроведе наесен. Бројот на дрвцата што ќе бидат засадени ќе зависи од количината на отпад што ќе биде собрана за време на пролетното чистење, при што за секои 10 килограми собран отпад ќе биде засадено по едно дрвце. Дополнителен број садници ќе се обезбедат од средствата што ќе бидат донирани преку платформата наречена „Сончева гора“ која ќе биде отворена за сите заинтересирани поединци и компании. Локациите за засадување на новите дрвца и нивниот вид, ќе бидат одредени во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопаство, ЈП „Национални шуми“, Институтот за биологија и геологија при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и граѓанските организации кои активно работат во оваа област. 

Покрај Министерството за земјоделство, шумарство и водостопаство, големата еко-акција „Генералка викенд 2022“ е поддржана и од Министертвото за животна средина и просторно планирање.

„Нашата долгорочна визија е до 2031 година, со помош на овие акции кои би се организирале секоја година, заедно да го собереме и рециклираме целокупниот отпад ширум земјата. Преку оваа акција во сите општини во кои собираме отпад, придонесуваме во подигнување на свеста за чиста животна средина на повеќе од еден милион и 100 илјади жители“, вели Гордана Софија од организацијата Мен енд Маунтен.

Сите информации поврзани со организацијата на „Генералка викенд 2022“, вклучувајќи го и распоредот на акциите за чистење по општини, може да се добијат на групата ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД на Фејсбук: https://www.facebook.com/groups/generalka.weekend/?ref=share каде во исто време додека се одржуваат волонтерските акции ќе бидат прикачени и споделени сите интересни новини, фотографии и видеа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *