• Sat. May 18th, 2024

Уапсен крадец од Струмица, нападнал 63 годишна жена

ByЃ. K.

Jul 16, 2023

Синоќа во 23:20 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Д.А.(27) од Струмица.

Тој се сомничи дека околу 15:00 часот физички ја нападнал А.И.(63) од Струмица во нејзиниот дом и ѝ одзел пари и мобилен телефон, информираат од струмичката полиција.

Лицето било задржано во Полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

By Ѓ. K.