• Thu. May 16th, 2024

Трудниците се ослободуваат од работа со физичко присуство до завршувањето на пандемијата

Бремените жени се ослободуваат од работа со физичко присуство до завршувањето на пандемијата, потсетува Владата.

Во согласност со владината одлука бремените жени се ослободуваат од работа и работни обврски со физичко присуство на работното место до завршување на пандемијата прогласена од Светската здравствена организација.

Од Владата посочуваат дека ја објавуваат оваа информација по изразениот интерес во врска со обврската за работа и работни обврски со физичко присуство на работното место на бремените жени по 31 декември 2020 година.

Владината одлука е донесена на седница на 3 ноември по препорака на Комисијата за заразни болести.

извор: Макфакс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *