• Tue. May 14th, 2024

Тројца пожарникари-спасители учествуваа на специјална напредна обука во Приштина

ByЃ. K.

Sep 29, 2023

Во периодот од 25-29.09.2023 година, тројца пожарникари-спасители припадници на Републичкиот тим за брз одговор за урбано пребарување и спасување од рушевини, учествуваа на специјална напредна обука во интернациолниот центар за обука за пребарување и спасување во Приштина.

Обуката беше водена од француски тим инструктори кој е еден од најдобрите во таа област во светот.

Стекнати се непроценливи вештини и знаења од областа на урбаното пребарување и спасување со што нашиот тим полека но сигурно се доближува до рамниште на најдобрите тимови од оваа област.

By Ѓ. K.