• Sun. May 19th, 2024

Тркалезна маса „Граѓанско учество за локална демократија во сферата на културата„

Невладини организации, членови на општинската администрација, бизнис секторот беа дел од трибината која денес се одржа во Струмица – „Граѓанско учество за локална демократија во сферата на културата„ .Присутните имаа можност да одговараат на прашања поврзани со културата, а врз основа на нивните одговори понатаму ќе се изработи студија и акциски планови за сегашната состојба во културата.

Настанот е во организација на Фондација отворено општество и Центарот за развој на локална демократија. Целта на истиот е отпочнување со имплементација на ИПА проектот кој се спроведува во три општини Струмица, Струга и општина Центар.