• Fri. May 17th, 2024

Три децении во слава на актерот-ФКТ „Ристо Шишков“

Три децении во слава на актерот и во чест на бардот на македонското глумиште, Ристо Шишков. Цели 30 години наврши Меѓународниот фестивал за камерен театар што го носи името на големиот актер кој себе си често се нарекуваше Ристо Беломорски. Во чест на големиот јубилеј, фестивалот годинава ја понесе највисоката општинска награда Свети 15 Тивериополски свештеномаченици.

Низ театарското светло на Шишков поминале плејада актерски лица, но само 32 досега ја имале честа да бидат лауреати. Меѓу нив се запишани имињата на некои од најголемите актери на денешницата.

Наградата Шишков е високо ценета меѓу актерите, токму затоа што е единствената награда што ја доделува фестивалот. Лауреатите, следната година се и претседатели на жири комисијата што ќе одлучува за наградата „Ристо Шишков“.

Фестивалот треба да биде берза на актери, претстави, режисери, но и идеи, вели Ристов. Така го гледа и натамошниот растеж на ФКТ „Ристо Шишков“.

Следната година фестивалот планира да излезе од просториите на театарот и да се играат претстави и во алтернативни простори, со што според организаторите ќе се подобри тетарското доживување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *