• Wed. May 15th, 2024

Тосев, Новаков и Ристова меѓу најдобрите на Струмица на улица

ByВане Трајков

Jun 13, 2022

Жан Тосев од АК ,,Струмица” и Биљана Кираџиева од АК ,,Кираџиев тренинг систем’’ од Скопје се победници на полумаратонот ,,Струмица на улица’’. . Ова е епилогот од манифестацијата ,,Струмица на улица’’ во организација на АК ,,Беласица Ран’’ од Струмица на кој учествуваа околу 300 учесници кои се натпреваруваа на 21,10 и 5 километри и тоа од Македонија, Бугарија, Србија, Велика Британија и Белгија.Освен Жан Тосев на пиедесталот се качија и двајцата полумаратонци од АК ,,Делта”  од Скопје Мартин Трајановски кој беше втор и Игор Јакимовски кој беше трет. Во женска конкуренција друштво на Кираџиева на првите три места и правеа и Маја Ричина од скопски Делта и Александра Златкова од ФЕИТ. Ним признанијата им ги додели градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов кој беше и генерален покровител на манифестацијата и кажа дека Општина Струмица секогаш ќе ги подржува ваквите манифестации.

На делницата од 10 километри кај мажите победи Ристе Новаков од АК ,,Беласица Ран”. Андреас Стојановски беше втор додека како трет помина Тоше Анчев од АК ,,7-ми Ноември” од Гевгелија.Во женкса конкуренција Талија Петреска од клубот ,,Златоврв” беше прва додека Валентина Узунова од Богданци  членка на АК ,,7-ми Ноември” од Гевгелија го освои второто место, додека како трета целта ја помина Сања Јачевска. Наградите им ги врачи Ванчо Стојанов поранешен атлетичар

На 5 километри струмичанката Анастасија Ристова беше најбрза. Таа ова делница ја истрча за 21 минута и 10 секунди што е за речиси 4 минути побрзо време од Бојана Манева која беше втора и Цеца Србтова од Поетри Ран која беше трета со време  26 минути и 46 секунди.Кај мажите делницата од 5 километри најбрзо ја помина Димитар Јовановски од клубот 3 Дисциплини Струга пред Атанас Епов од 7-ми Ноември од Гевгелија и Глигоријан Никовски од Делта Скопје. Признанијата им ги додели Васил Ѓеоргиевски од организаторот АК Беласица Ран кој за сите пристуни организираше и забава на Струмица на улица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *