• Tue. May 14th, 2024

Тим од педијатри денес во гевгелиската болница. Ќе се утврдуваат причините за респираторни инфекции среде лето

Министерството за здравство соопшти дека во текот на денешниот ден, тим од Клиниката за педијатрија ќе бидат упатени во болницата во Гевгелија, каде изминатиот месец лекарска помош побарале 50 деца и бебиња со симптоми на респираторни инфекции.

Како што информираат од здравство, во моментов во болницата во Гевгелија, хоспитализирани се само две бебиња, поради возраста, додека 20-тина деца се на терапија, но не се и задржани во болница.

Се тврди дека болницата во Гевгелија досега ги има преземено сите здравствени протоколи за третман на младите пациенти, но поради неспецифичноста на самите инфекции кои се појавиле во топлиот период, а карактеристични се за есен и зима, потребни се дополнителни анализи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *