• Tue. May 14th, 2024

Тешка сообраќајка во Богданци, се судрија камион и автомобил

ByЃ. K.

Mar 27, 2024

На 26.03.2024 во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на Регионален пат 1109, обиколница Богданци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „Фолксфаген“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Н.К.(35) од Гевгелија и патничко возило „Хјундаи“ со велешки регистарски ознаки, управувано од М.А.(33) од Нов Дојран.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „Хјундаи“, Л.Ј.В.(57) од Гевгелија, констатирани во Медицински центар Гевгелија. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Гевгелија.

By Ѓ. K.