• Mon. May 20th, 2024

Тече огласот за бесплатен одмор за деца од социјални семејства

До 10 јуни трае огласот за бесплатно летување на децата од социјалните семејства. Дотогаш лицата корисници на социјална парична помош, постојана парична помош, посебен, детски или родителски додаток како и децата без родители и родителкса грижа може да аплицираат за седумдневен одмор во некој од домашните туристички ценри за да ја искористат оваа бесплатна услуга за одмор и рекреација на нивните деца.

  • Oваа услуга може да ја користат деца од семејства корисници на социјална парична помош, постојана парична помош, детски додаток, родителски додаток, децата  без родители и родителска грижа, родени во периодот од 2003 до 2008 година  и/или деца редовни ученици  кои во учебната 2017/2018 година посетувале петто, шесто, седмо, осмо и деветто одделение и деца корисници на посебен додаток  до 26 години, стои во информацијата.

Од Меѓуопштинскиот центар за социјални работи истакнуваат дека одобрениот термин без соодветно оправдување не може да се менува. Услугата овозмоижува шест полни пансиони, односно ноќевање со три оброка, едукативни, забавни и спортски активности. Децата корисници на посебен додаток имаат право на продружник за време на одморот, а сите деца имаат организиран превоз.

За користење на бесплатната услуга за одмор и рекреација потребно е да се поднесе барање до надлежниот Центар за социјална работа, според местото на живеење. Барањето го издава надлежниот Центар за социјална работа.

Барањата ќе можат да се поднесуваат до 10.06.2018 година односно до пополнување на предвидениот број на корисници, во просториите на надлежните Центри за социјална работа, веларт од министерството за труд и социјална политика.

Лицата кои ќе ја користат услугата ќе бидат информирани од страна на надлежниот Центар за социјална работа.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *