• Mon. May 20th, 2024

Теренски посети преку проектот „Модерно и квалитетно производство кај градинарите од Банско, Муртино и Робово“

Во рамките на проектот “Модерно и квалитетно производство кај градинарите во с.Банско,с.Муртино и с.Робово ” здружението ПроАгро Фармери спроведува директни теренски посети заедно со експерти од областа на земјоделието.

Целта на активностите е воведување на нови технологии и знаења за квалитетно и здраво градинарско производство, со посебено внимание на можностите и перспективите на органското производство.

Во изминатите два месецa беа посетени околу 60 земјоделски семејства.

Посетите се одвиваа директно на терен во присуство на експерти од областа на земјоделието. Преку посетите фармерите се здобија со информации за примена на новите начини и технологии во производството, како и за можностите на органскиот начин на производство во градинарството.

Фармерите беа запознаени и со придобивките и користа од испитувањето на почвата, како и со потребните документи за аплицирање за ИПАРД фондот како и за начинот на подготовка на документите за активните програми во моментот кој се наменети за подршка на фармерите.

Овој проект се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD) која е финансирана од Европската унија, а е спроведувана од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Со свои средства во проектот учествува и општина Струмица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *