• Tue. May 21st, 2024

Таксистите во Македонија лани превезле 39 милиони патници

Во 2019 година превезени се вкупно 39.072.000 патници, од кои 33.970. 000 во градскиот превоз, додека во меѓуградскиот превоз се превезени 5.102.000 патници.

Според податоците на Државниот завод за статистика, со истражувањето за такси-превоз се опфатени 2 296 патнички автомобили од 207 извештајни единици, пренесува Макфакс.

Остварени се вкупно 75.306.000 километри, од кои 65.715.000 во градскиот превоз, додека во меѓуградскиот превоз се остварени 9.591.000 километри.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *