• Fri. May 17th, 2024

Струмичките ракометни надежи изненадија, супериорна победа над младите на Вардар

Ретко кој очекуваше и се надеваше, но ракометарите на Струмица убедливо ги надиграа вардаровите младинци со 34:26 во рамките на второто коло од младинската лига на Македонија Во спортската сала Парк, струмичките надежи им одржаа ракометна лекција на вардаровите пулени кои се сметаа фаворити и за нови три бода. Но на терен, целосна доминација на  РК Струмица во големото дерби со Вардар Јуниор, двете непоразени екипи од првото воведно коло.

Цврстата одбрана и сигурниот напад беа главното оружје на избраниците на Иванчо Ончев кој им кои во ниту еден момент не потклекнаа на клупското име и рејтинг односно   на вардаровите деца предводени од тренерот Пепи Манасков

Со ова втора победа Струмица е на лидерската позиција а следното коло Струмица му гостува на Металург во Скопје за да потоа ги пречека младите на Борец од Велес

14731355_10205514567502514_8485856148124015832_n 14718882_10205573763943392_4101212423986234675_n

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *