• Fri. May 17th, 2024

Струмичките пожарникари со акција го одбележаа Денот на пожарникарството

ByВане Трајков

May 20, 2020

20 Мај – Денот на пожарникарството во Македонија, оваа година пожарникарите-спасители во Територијалната професионална противпожарна единица Струмица го одбележаа на малку поинаков начин поради изменетите околности предизвикани од глобалната пандемија од вирусот Covid 19.
Беше организирана акција на чистење и средување на трим патеката до манастирот Свети Илија, при што трите мостови беа бојадисани, а патеката исчистена од треви и гранки од околните дрвја.
При тоа беше извлечен, подигнат и повторно поставен и четвртиот мост кој беше однесен и делумно оштетен од поплавата во 2010 година.
Оваа акција беше со цел на нашите сограѓани да им се овозможат уште подобри услови за користење на оваа омилено место за спортување и рекреирање.
Овој ден го одбележуваме како и секогаш, целосно подготвени за брза и навремена интервенција за спасување на животи и имоти од секакви непогоди бидејќи за еден пожарникар-спасител не постои ништо повредно и посвето од тоа.
Од почетокот на 2020 година до денешниот ден ТППЕ Струмица има интервенирано 204 пати на интервенци од секаков карактер.

На сите пожарникари-спасители им го честитаме Денот на пожарникарството и им посакуваме успешно извршување на сите задачи и предизвици со кои секојдневно се соочуваат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *