• Tue. May 14th, 2024

Струмичките кавалери во пробна функција, две електрични возила започнаа да возат низ Струмица

ByЃ. K.

Feb 7, 2024

Градоначалникот Костадинов информираше дека струмичките кавалери како нова бесплатна услуга за граѓаните се ставени во пробна функција.

Две електрични возила започнаа да возат низ паркот, плоштадот и пешачките зони, а можат да ги користат сите граѓани, а секако предност имаат повозрасните и лицата со попреченост.

Возењето е бесплатно и еколошко, воведено по примерот на Љубљана и прво во државата.

„Мои сограѓани, користете го овој бенефит и уживајте во нашата убава Струмица. Од срце за Струмица и ќе ја правиме уште поубаво место за живеење“, истакна градоначалникот Костадинов.

By Ѓ. K.