• Tue. May 14th, 2024

Струмичкиот карневал ќе се одржи на 16 март

ByЃ. K.

Feb 16, 2024

Главната карневалска вечер на годинашното издание на Интернационалниот струмички карневал ќе се одржи на 16 март. Организациониот одбор ги објави плакатот и програмата за карневалот, кој и годинава ќе трае 8 денови, од 13 до 20 март.

Вообичаено карневалските празнувања почнуваат со свечено предавање на клучот од градот од градоначалникот на карневалистите, а потоа треба да биде отворена изложба на карневалски маски на СОУ „Јане Сандански“.

На 14 март ќе се одржат два концерти под маски на Музичкото училиште „Боро Џони“, а меѓу концертите е предвидено отворање на изложба „30 години во FECC“, а ќе се објават и резулатите од темата за проза и поезија за карневалот во организација на Библиотеката „Благој Мучето“.

В петок, на 15 март, ќе одржи традиционалниот маскенбал, на кој се избираат принц и принцеза на Карневалот, кои заедно со кралската свита ќе ја предводат Интернационалната карневалска поворка на главната карневалска вечер на 16 март во 18:30 часот.Детскиот карневал се одржува традиционалнао на празникот Прочка, в недела на 17 март, а на Чист Понеделник (18 март) карневалските празнувања продолжуваат со варење и консумирање на традицоналниот бел грав, а ќе бидат објавени и резултатите за најуспешните маски од интернационалната карневалска вечер. Во НУЦК „Антон Панов“ во Струмица ќе биде отворена и традиционалната изложба на карикатури и афоризми и ќе бидат доделени наградите на најуспешните.

Претпоследниот ден е резервиран за Карневалско корзо и доделување на наградите од Интернационалната карневалска вечер.

Карневалот завршува на 20 март со организирање Тримерски ручек и настап на Распеани струмичани, како и враќање на клучот од градот на градоначалникот од страна на карневалистите.

Инаку, датумот на одржување на Струмичкиот карневал секоја година е различен, бидејќи се поврзува со почетокот на големиот велигденски пост кој почнува секоја година на верскиот празник Прочка и трае 40 денови.

By Ѓ. K.